Compliance | Деловни принципи
Политика на приватност
Порше Македонија како член на Групацијата Volkswagen, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои процеси, имплементирајќи ги законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија и стандардите кои постојат во рамките на Volkswagen Групацијата.
Ограничување при воспоставување врска
Оваа веб-страница ја поставува и ажурира Порше Македонија и ја опфаќа почетната страница (homepage интернет-презентација) и сите останати страници на овој Веб-сајт.
Одговорност
Сите слики, текстови и останати елементи на овој сајт одговараат на продажната програма на Volkswagen во Република Македонија во моментот на поставување на сајтот и претставуваат необврзувачка информација. Го задржуваме правото на дополнителна измена. За настанатите забуни Порше Македонија не ја превзема одговорноста. Го задржуваме правото на измена на конструкцијата, опремата и обемот на испораката, како и на одстапувања во поглед на нијансите на бои. Сите дадени цени се необврзувачки, оринетациони цени, вклучително и ДДВ-то.
Кодекс на однесување
Довербата на клиентите и другите чинители во нашата Компанија и нејзините производи е наша највредна предност. Затоа, имаме заедничка одговорност секој ден да ја оправдуваме оваа доверба, водејќи се со чесност и интегритет. Ова подразбира познавање на важечките интерни правила и законските прописи, како и усогласување со истите.
Порше Македонија се обврзува да ги почитува сите закони и интерни регулативи и да дејствува како одговорен деловен партнер и член на нашето општество. Ова се подразбира дека ја вклучува и нашата непоколеблива посветеност на правилните начела и принципи.
Што е усогласеност?
Усогласеност значи почитување на сите применливи закони, регулативи и интерни правила. Усогласеноста ја дефинира правната рамка и цели кон спречување на непочитувањето, уште пред тоа да се случи.
Што е интегритет?
Интегритетот значи делување на коректен начин врз основа на личното убедување – одговорно делување кон компанијата, кон деловните партнери и како член на нашето општество.
Поради тоа, интегритетот и усогласеноста не се само нешта кон коишто нашата компанија се стреми – туку, ние интегритетот и усогласеноста ги гледаме како основни компоненти на нашата корпоративна култура.
Политика на квалитет
Порше Македонија е увозник за марките Volkswagen, Audi, SEAT, ŠKODA, Porsche и Volkswagen Комерцијални возила за пазарите во Република Северна Македонија и Косово. Компанијата работи од декември 2005 година како член на најголемото европско семејство за малопродажба на автомобили на австриската компанија Порше Холдинг од Салцбург. Од своето основање, целта на компанијата е да ја задрши лидерската позиција на пазарот и да постави највисоки стандарди.
Compliance | Усогласување
Контакт во Порше Македонија
Compliance офицер Порше Македонија
Валентина Јовановска Василева
Телефон: +389 2 2603 789
e-Mail: valentina.jovanovska@porsche.com.mk
Овластено лице за прием на пријави од укажувачи согласно Законот за укажувачи на Република Северна Македонија
Валентина Јовановска Василева
Офицер за усогласност и правни работи
02 / 26 03 789
e-mail: valentina.jovanovska@porsche.com.mk
Офицер за анти-корупција
Ако имате сомнежи за коруптивни активности, ве молиме контактирајте го нашиот офицер за анти-корупција
Валентина Јовановска Василева
Офицер за усогласност и правни работи
02 / 26 03 789
e-mail: valentina.jovanovska@porsche.com.mk
Централна канцеларија за истраги
e-Мail: io@volkswagen.de,
Телефон достапен 24/7
Тел.: +800 444 46300, Тел. +49 5361 946 300
*Доколку не можете да воспоставите контакт преку горенаведените телефонски броеви, Ве молиме користете ги другите набројани канали со цел известување во врска со Вашите прашања до Канцеларијата за истраги.
Поштенска адреса: Aufklärungs-Office, Box 1717, 38436 Wolfsburg (Innenstadt), Deutschland
Независен правобранител
Корупцијата воопшто не е мал прекршок; тоа им штети на компанијата и на вработените. Порше Македонија придава големо значење на борбата против корупцијата и подигање на свеста за ова прашање. Групацијата и меѓународно структуираниот систем на правобранители го создаде Volkswagen AG за да обезбеди сигурно средство за вработените и деловните партнери да ја разгледаат нивната загриженост за потенцијалната корупција.
Реномирани правници се достапни како неутрални омбудсмани. Секој вработен и деловниот партнер може да се обратат до еден од правобранителите ако откриваат докази за корупција. Сите такви информации се третираат како доверливи и информаторот останува строго анонимен; Независниот правобранител е законски обврзан да не открива.
Контакт од независниот правобранител
Dr. Rainer Buchert (адвокат)
Телефон: +49 6105 921355 или +49 69 71033330
Факс: +49 69 7103 4444
e-Mail: dr-buchert@dr-buchert.de
Поштенска адреса: Bleidenstaße 1, 60311 Frankfurt am Main, Germany
Thomas Rohrbach (адвокат)
Телефон: +49 69 65300356
Факс: +49 69 65009523
e-Mail: rohrbach@ra-rohrbach.de
Поштенска адреса: Wildgäßchen 4, 60599 Frankfurt am Main, Germany
Онлајн пријава до независниот правобранител
Како дополнување на класичните методи на контакт, укажувачите можат исто така да користат Business Keeper Monitoring System (BKMS) за онлајн пријавување. Со користењето на Business Keeper Monitoring System, пријавите можат да се достават до независниот правобранител на Volkswagen Group од било каде во светот, во било кое време, во безбедна околина.
Вебсајт: www.bkms-system.com/vw
До системот може да се пристапи на англиски или германски јазик преку следните веб страни:
http://www.ombudsleute-der-volkswagen-ag.de
http://www.ombudsmen-of-volkswagen.com
Антикорупцискиот систем на Volkswagen Group