- AUTOBEST, кој ги претставува гласовите на 31 европска нација со членови на жирито составени од по еден реномиран новинар од секоја земја, го избра комплетно новиот SEAT Leon за победник
- Претставник од нашата земја е Мишко Барзов од Автомагазин
- Сосема новата мешавина на динамика, ефикасност, напредна безбедност и поврзаност на SEAT Leon го убеди жирито
- Ова е втор пат SEAT да ја добие AUTOBEST наградата; во 2017 година, SEAT Ateca веќе ја доби врвната чест
Kомплетно новиот SEAT Leon ја доби наградата „ AUTOBEST 2021“, европско признание за „Најдобар автомобил на Европа 2021“. Панел жирито на AUTOBEST е составено од 31 член од едни од најпознатите новинари во автомобилската индустрија од цела Европа, а за нашата земја официјален член на жирито е Мишко Барзов од Автомагазин. Ова е втор пат во 70-годишната историја на SEAT да ја добие оваа чест; во 2017 година SEAT Ateca ја доби истата награда. Тоа ја истакнува посветеноста кон развојот на возилата кои го надминуваат вообичаеното и нудат нешто навистина исклучително на пазарот.
„Горди сме што нашиот нов SEAT Leon е избран за „AUTOBEST 2021“, најдобро можно признание за тимот што беше вклучен во лансирањето на најдобриот Leon досега. Автомобил дизајниран, развиен и произведен во Барселона, оваа награда ни дава обновена сила да гледаме самоуверено во иднината. SEAT Leon докажува генерација по генерација дека е важен столб на сегментот и наградата од AUTOBEST го зајакнува значењето што го има Leon на пазарот “, рече Вејн Грифитс, претседател на SEAT и CUPRA. „Го доведе сегментот на едно ново ниво, комбинирајќи импресивен дизајн со технолошкиот напредок за да создаде возило што обезбедува сè што им е потребно на клиентите“.
Целосно новиот SEAT Leon има неверојатен учинок, низ сите генерации на возилото што го дефинираат сегментот, продадени се повеќе од 2,3 милиони единици. SEAT Leon е бестселер во Шпанија од 2014 година и претставувањето на возилото од четвртата генерација го донесе најдобриот Leon досега на пазарот.
Успехот на SEAT Leon е изграден врз основа на инвестиција од 1,1 милијарда евра насочени кон истражување и развој, што резултираше со достигнување на врвно ниво во однос на поврзаноста, ефикасноста, динамичноста и безбедноста, како и понатамошно развивање на производните капацитети.
Целосно новиот SEAT Leon беше дизајниран и развиен во Барселона, за да ја одржи својата позиција не само како основен столб во понудата на возила во SEAT, туку и како издвоено возило во сегментот. Врвните нивоа на поврзаност, го прават новиот Leon вистински дел од нашето секојдневие и првиот целосно поврзан автомобил на SEAT кој доаѓа со голем пакет на нови технологии на погонскиот систем; бензин (TSI), дизел (TDI), благ хибрид (eTSI) и plug-in хибрид хибрид (e-HYBRID) кој се очекува наскоро да биде дел од понудата и кај нас. Овие карактеристики овозможуваат остварување на вистинските потреби на возачите и одлично прилагодување на нивниот животен стил и потреби со интеграција на најнапредните достапни системи за помош на возачот. Благодарение на тоа, новиот SEAT Leon e едно од најдобрите возила во својата категорија.
Напредокот на комплетно новиот SEAT Leon во однос на поврзаноста, ефикасноста, перформансите и безбедноста, неодамна докажан од петте sвезди остварени на Euro NCAP 2020 година, кои се постигнати благодарение на MQB Evo архитектурата на возилото, обезбедувајќи пакет алатки потребни за развој на возило што одговара на многубројните потреби на клиентите на SEAT.
Наградата AUTOBEST е меѓу најпрестижните во Европа и се одржува последователно од нивното основање во 2001 година. 31 новинар го сочинуваат панелот за доделување награди и имаа можност да го тестираат новиот SEAT Leon за време на финалето, прославено во Австрија на почетокот на ноември.